Апелација сè уште не одлучила дали кривично ќе одговараат Мијалков и управните судии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Жалбите на специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд за предметите „Титаник 2“ за изземање на управните судии од обвинението и за „Тортура“ за изземање од кривично гонење на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, сè уште патуваат до Апелациониот суд. Оттаму за „Макфакс“ потврдија дека заклучно со вчера, жалбите на тимот на Катица Јанева не се стигнати на одлучување во второстепениот суд.
СЈО се жали на одлуката на судијката Моника Бахчовановска, која при оценката на обвинението за „Тортура“ донесе решение кривично да не одговара Сашо Мијалков бидејќи не им бил надлежен на „алфите“ што го апсеа Љубе Бошкоски. СЈО ја обжали и одлуката кривично да не одговараат судиите во Управниот суд, кои донесуваа одлуки за прегласување во општините Чаир и Струмица. Советот за оценка на обвинението при кривичниот суд претходно не прифати за злоупотреба на службената положба да одговараат петте управни судии: Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула.
„Макфакс“ објави дека судиите од Управниот суд повторно се повикале на имунитетот што Судскиот совет им го одзеде на седница во август. Одлуката на Судскиот совет беше резултат на барањето на судијката Верка Петковска.
В. М.
Извор: Макфакс