Апелација уште 6 пати ќе одлучува дали бомбите на СЈО се доказ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд на 19 септември, еден ден откако Апелација прифати бомбите да бидат доказ во предметот „Триста“, ги отфрлил прислушуваните разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвиненијата за случајот „ТНТ“, а на втори октовмри и за предметот „Титаник 2“. Од СЈО за Макфакс потврдија дека oсвен овие два предмети, за уште 4 случаи на СЈО бомбите се отфрлени како доказ, а тоа се предметите: „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
Отфрлањето на бомбите на СЈО се случува во фаза на оценка на обвиненијата. За овие предмети, според распоредот кој беше објавен на веб-страницата на Основниот суд Скопје 1, одлучувале судиите: Моника Бахчовановска, Верка Петковска, Лидија Петровска, Ленка Давиткова, Ивица Стефановски, Горан Бошевски и Марјан Грубиша.
СЈО поднело жалби за сите овие одлуки на Основниот суд Скопје 1 за отфрлање на бомбите, но одлуки за нив Апелациониот суд Скопје уште не објавил.
В. М.
Извор: Макфакс