Апелација утре ќе расправа за притворот на Кочан | Правдико

Правдико

   

Апелација утре ќе расправа за притворот на Кочан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд утре на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната на Сеад Кочан, кој е осомничен во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство. Жалбата се однесува на одредената мерка притвор. По барање на една од странките, седницата ќе биде јавна.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, и покрај поднесената Ургенција од одбраната, не го достави предметот на осомничениот Сеад Кочан на одлучување до Апелацискиот суд Скопје по жалбата на одбраната против Решението за определување мерка притвор, со што беше оневозможено Апелацискиот суд да донесе одлука по жалбата на одбраната, изјави во неделата адвокатот на Кочан, Никола Додевски.

– Со оглед дека преклузивниот рок во кој Апелацискиот суд беше должен да донесе одлука, истече во 17:20 часот, одбраната веднаш поднесе Барање до Кривичниот совет да донесе решение со кое ќе се стави вон сила Решението за одредување мерка притвор, ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејства преземени од МВР Скопје. Сето ова поради фактот дека Решението не може да произведува правно дејство кога е изминат рокот за донесување одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелацискиот суд – рече Додевски.

Во предметот „Труст“, на Специјалното јавно обвинителство, Кочан е првоосомничен, во кој го сомничи како поранешен управител на фирмата „Трансмет“, а во врска со тендер со фалсификувани документи во РЕК „Битола“. Според обвинението, конзорциумот на „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ наплатил незаконски 17 милиони евра државни пари на тендер во 2011 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико