Апелација в петок ќе одлучува дали 26-те бомби во „Топлик“ и 11-те во „ТНТ“ може да бидат доказ во постапката | Правдико

Правдико

   

Апелација в петок ќе одлучува дали 26-те бомби во „Топлик“ и 11-те во „ТНТ“ може да бидат доказ во постапката

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд на две јавни седници в петок ќе одлучува дали 26-те бомби во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и 11-те бомби во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“ може да бидат доказ во постапката.

Претходно, советот кој го предводи експретседателката на судот, Татјана Михајлова, одлучи бомбите да не бидат доказ во постапката за случајот „ТНТ“, иако Аплеација веќе донесе решение за случајот „Насилство во Општина Центар“ во кој бомбите ги прогласи за доказ. На ист начин Советот на кривичниот суд одлучи и во предметот „Топлик“.

Тезите на одбраната се дека бомбите не може да бидат доказ во постапката бидејќи се стекнати на незаконит начин, како и дека судиите не треба да ги ценат претходно донесените одлуки на скопска Апелација, која во два наврати одлучи бомбите да бидат доказ во постапката.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико