Правдико

   

Апелација заседаваше за битолскиот градоначалник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

F002BE9BA0DA3241B95AA01E5BC15C6BАпелацискиот суд во Скопје, во законски предвидениот рок, ќе ја достави одлуката која се однесува на битолскиот градоначалник Владимир Талески, откако во текот на денешниот ден, на јавна седница, беа сослушани аргументите на одбраната, но и на Специјалното јавно обвинителство, за изречениот куќен притвор.

По завршување на седницата, која траеше речиси два часа, претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Шопова-Ивановска, потврди дека одлуката ќе биде соопштена во предвидениот рок.

Талески се сомничи за коруптивна зделка од 360.000 евра, а во која се инволвирани уште еден општински чиновник и лица сопственици на транспортни компании. По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, во целост да ја повлече аболицијата за сите 56 лица, Талески на 13 јуни беше повикан на распит. Еден ден потоа судот информираше дека му е изречена мерка куќен притвор.

Три дена пред појавувањето на Талески во скопскиот кривичен суд на распит беше повикан секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски. Судот за него донесе одлука со која се укина мерката куќен притвор и му беше определена мерка за претпазливост: забрана за напуштање живеалиште-престојувалиште, одземање патна исправа и обврска да се јавува во судот во Битола. Токму Бончановски беше првиот за кого судот, во предмет инициран од СЈО, изрече мерка притвор, но Кривичниот совет го укина притворот и му изрече куќен притвор.

СЈО има побарано мерки и за другите осомничени во предметот наречен „Транспортер“. Обвинителството бара судот да изрече забрана за располагање со имот, односно да се блокираат три стана, осум патнички автомобили и уште 33 автобуси. За скапо платениот превоз на битолските ученици се осомничени 22 лица кои склучиле 81 договор со Општината.

Од СЈО најавуваат дека ќе следат жалби по донесените судски одлуки за случајот со уништување на опрема за прислушување, во јавноста познат како „Тврдина“, а во кој е осомничена ексминистерката Гордана Јанкулоска.

За почетокот на следниот месец е закажан распит и за лицата осомничени во случајот викан „Тортура“. Во конкретниот случај СЈО бара од судот на осомничените лица да им изрече мерка одземање на полициски овластувања. Станува збор за вработени во МВР кои го апселе ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Извор: Утрински весник

Партнери на Правдико