Апелационен суд ја уважи жалбата на СЈО за „Пуч“ | Правдико

Правдико

   

Апелационен суд ја уважи жалбата на СЈО за „Пуч“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ја известува јавноста дека Апелациониот суд Скопје, ја уважи жалбата на ова Јавно обвинителство, изјавена против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое е одбиено барањето за достава на копии од списи и електронски докази во предметот познат во јавноста како „Пуч“ и го укина решението на судот.

sjo

Во решението Апелациониот суд ги уважи сите жалбени наводи на ова Јавно обвинителство и констатира дека првостепениот суд немал валидна правна основа да спрема ова Јавно обвинителство, како овластен тужител во постапката, се повикува на обврската за чување класифицирани информации, бидејќи советот на Апелациониот суд е на мислење дека не постојат правни пречки бараните списи и докази да бидат доставени во фотокопија на ова Јавно обвинителство. Исто така советот на Апелациониот суд наведува дека основано во жалбата се истакнува дека првостепениот суд при одлучување по барањето не ги ценел во доволна мера одредбите од Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, при што советот на Апелациониот суд како оправдана ја оценил потребата да овластениот тужител поседува примерок од бараните списи.

Имајќи го предвид наведеното јасно произлегува дека барањата кои ова Јавно обвинителство ги истакна во рамки на постапката по предметот Пуч, се засновани на закон и не постојат никакви законски пречки за нивно удоволување. Според тоа и одолговлекувањето на почетокот на главната расправа во овој предмет не може да се препише на вина на ова Јавно обвинителство, кое во рамки на законските прописи, крајно професионално и одговорно постапува.

Извор: СЈО

Препорачуваме

Партнери на Правдико