Апелациониот суд го поддржа суспендирањето на указот на Трмап за забрана за влез во САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сојузниот апелационен суд на САД во Сан Франиско едногласно го поддржа суспендирањето на извршниот указ на претседателот Доналд Трап за привремена забрана за влегувањето на американска територија на државјани од седум мнозински муслимански земји, иако во неговата уредба не се споменува зборот ислам.
Набрзо по објавувањето на пресудата претседателот Донал Трамп на својот Twitter профил порача „Ќе се видиме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање!“.
На новинарите пред канцеларијата на неговиот портпарол, Трамp им најави дека на крајот ќе го добие случајот,а пресудата на жалбениот суд ја оцени како „политичка одлука“.
Американското министерство за правосудство објави дека ја преиспитува одлуката и ги разгледува опциите кои стојат на располагање.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија. Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Сојузниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт на 3-ти февруари го блокираше овој указ на Трамп со што тој не важеше на целата територија на САД. Потоа на 5-ти февруари, Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Трамп. Овој апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.
Пресудата од четвртокот,којашто следеше по рочиштето во вторникот, не го решава правниот спор, туку се однесува на прашањето дали указот на Трамп треба да биде суспендиран за време на судската постапка.
Двајца од тричлениот судски совет ги именуваа поранешните демократски претседателот Џими Картер и Барак Обама, а еден го именуваше републиканскиот претседател Џорџ В. Буш, па одлуката и не е зачудувачка, имајќи ја предвид острата политичка поделеност во американското општество по победата на Трамп на ноемвриските претседателски избори.
Владата може да побара целиот Апелационен суд на САД за деветтиот округ, ој има 29 активни судии и е надлежен за државите и териториите на западот од Соединетите држави, да ја преиспита одлуката или директно да вложи жалба до Врховниот суд, ој најверојатно и ќе го одреди крајниот исход од судскиот спор.
Тројцата споменати судии оцениле дека и привремената повторна примена на забраната би можела да предизвика штета. Во пресудата наведуваат дека увидуваат спротиставени интереси на националната безбедност и на слободата на движење, но де владата на САД не понудила „никакви докази“ за загриженост по националната безбедност кои би ја оправдале забраната за граѓаните од споменатите седум земји. Додаваат дека владата не изнела ниеден доказ дека кое и да е лице од тие земји сторило терористички напад во САД.
Министерството за правосудство на САД напиша во неделата дека одлуката на споменатиот судија, донесена во петокот, нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршна уредба, а исто така ги доведува во прашање национално-безбедносните процени на претседателот за ризикот кој претставува влегување во земјата на одредени групи и е најдобриот начин за намалување на тој ризик.
Министерството за правосудство не објави кога ќе ја поднесе самата жалба на деветтиот окружен апелационен суд на одлуката на судијата Робарт. Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Противниците велат дека е илегална забраната за влез за бегалците и за државјаните од седумте земји. Сојузната држава Вашингтон тврди дека забраните донеле големи штети, бидејќи некои студенти од тие држави не можеле да се вратат на универзитетите,. Но во претходно администрацијата на Трамп дека забраната нема да важи за сите оние кои поседуваат уредни американски визи во нивните пасоши, а има податок дека биле отповикани околу 60.000 визи откако указот стапи на сила на 27-ми јануари.
Извор:Макфакс