Апелациски ја прифати жалбата на СЈО за Кочан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека ја прифати жалбата на СЈО во врска со одлуката на Кривичниот суд за дадената гаранција на Сеад Кочан, првоосомничениот во предметот „Труст“, бидејќи кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот.
– Апелациониот суд Скопје известува дека Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 6 јули, донесе решение КСЖ-245/17, при што постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изјавена против решението на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје И Скопје, во делот кој се однесува на мерката за обезбедување присуство на обвинетиот – определената гаранција, одлучи, истата да ја уважи и првостепеното решение, со кое е прифатена гаранцијата поднесена од одбраната на осомничениот Сеад Кочан го укина и предметот во овој дел го врати на повторно постапување и одлучување на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје – стои во соопштението од скопска Апелација.
Судот, како што се додава во соопштението, во конкретниот случај оценил дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција.
– Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите – се додава во соопштението.
Извор: Нова Македонија