Правдико

   

Апелацискиот суд ја укина пресудата за тужбата на Јанкулоска против Шилегов

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд Скопје ја укинал пресудата со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да ѝ плати на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, отштета од еден милион денари за нанесена клевета, пренесува „Нова ТВ“.

P.Shilegov

Јанкулоска го тужеше Шилегов откако тој на прес-конференција изнесе податоци за непропорционално зголемен имот на поранешната министрека додека била на власт, а Основниот суд Скопје 2 пресудата по предметот ја донесе во февруари минатата година.

Апелацискиот суд Скопје утврдил дека нема основа за клевета затоа што изнесените податоци за имотната сопственост на Јанкулоска се добиени од државни институции, како имотниот лист објавен на веб-страницата на Комисијата за спречување на корупција.

Со одлуката на Апелација, сега предметот се враќа на повторно судење во првостепениот суд, со наоска при повторното разгледување првостепениот суд да утврди дали изнесените податоци се од јавен интерес затоа што Јанкулоска во тоа време била носител на функција и врз основа на тоа да се цени дали е нанесена клевета.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико