Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска | Правдико

Правдико

   

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата на судијката Добрила Кацарска за издвоената постапка за предметот „Тенк“, во која на затворска казна од 6 години беше осудена ексминистерката Гордана Јанкулоска, потврдија од судот за „Макфакс“.

Според пресудата на скопска единица за предметот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски нарачал луксузен „мерцедес“, Јанкуловска го поттикнала тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски да испланира јавна набавка на која ќе се јави договорениот понудувач „Мак аутостар“. Јанкулоска покрај одземениот пасош, не смее да го напушта Скопје.

Доколку судот ѝ ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете сè уште нема наполнето една година.

За истиот случај осудениот Никола Груевски доби 2 години ефективна казна затвор. Апелација му ја одби жалбата и му ја потврди казната. Осуден останува и обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски, на кого наместо 6,6 години затвор, апелација му изрече 4,6-годишна затворска казна.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико