Аплауз за Ципрас од неочекувани сојузници | Правдико

Правдико

   

Аплауз за Ципрас од неочекувани сојузници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Курсот на конфронтација што грчкиот премиер Алексис Ципрас го одбра во спорот околу реформите и финансиската помош, во Европа доведе до невообичаени сојузи.

0,,18556631_303,00

Популистичките партии од десниот и левиот спектар го поздравуваат дури пренагласено негативниот одговор на грчкиот премиер Алексис Ципрас за компромисната понуда околу пакетот мерки што го понудија кредиторите.

Во Франција, на пример, вицепретседателот на деснопопулистичкиот Национален фронт, Флоријан Филипот, изјави: „Се надевам дека наскоро ќе го доживееме првиот историски чекор назад за Европската унија.“

Во Шпанија левопопулистичкото движење Подемос соопшти дека однесувањето на Ципрас со најавениот референдум за реформските барања на кредиторите е за пример. Во Европа во моментов една народна влада се бори против владеењето на пазарите, соопшти Подемос. „Ние сме на страната на демократијата, ние сме на страната на грчкиот народ“, се вели во соопштението на шпанското движење.

Во Италија, Матео Салвини, шеф на Лега Норд, која е непријателски настроена кон странци, го пофали отпорот на Ципрас. „Со валута која не функционира не може да се постигне ништо“, објасни тој. Пратениците на движењето Пет ѕвезди, кое е насочено против политичкиот естаблишмент и според анектите е втора по јачина политичка сила во Италија, соопштија: „Многу бргу Јужна Европа конечно ќе се ослободи од прангите на еврото и политиката на штедење.“

Шефот на германската Алтернатива за Германија (АфД), Бернд Луке, ги обвини паушално „старите партии“ за веројатниот државен банкрот на Грција и со тоа поврзаната загуба на германските даночни обврзници од милијарди евра. Затоа тој побара оставка на канцеларката Ангела Меркел.

Левите и десните популистички партии по правило имаат некомпатибилни претстави за општеството и државата. Заедничко, меѓутоа, им е отфрлањето на ЕУ и борбата против етаблираните партии во нивните татковини. Во Грција тоа доведе до можност таква партија да состави влада.- Ципрас се потпира врз коалиција од неговата левопопулистичка Сириза и деснопопулистичката Анел (Независни Грци).

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико