Апликација за Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар | Правдико

Правдико

   

Апликација за Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности е збогатена со нова содржина. Апликацијата за Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар, содржи огромен број на податоци кои се од огромна важност за целокупното население.

Во оваа апликација може да се направи: увид во теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви, со пребарување по општина, населено место, улица, куќен број и додаток на куќен број; увид во податоците запишани во електронската база на податоци, со пребарување по одделение за катастар на недвижности, катастарска општина и број на катастарска парцела.

Сите граѓани можат да коментираат во врска со точноста на теренски прибраните податоци, што значи дека секој граѓанин може да ги провери понудените податоци во однос на: името на единицата на локалната самоуправа; името на населеното место; името на улицата; куќниот број; бројот на влез; намената на објектот и многу други, да ги спореди со податоците од имотниот лист и да реагира доколку тие се разликуваат.

Коментарите ќе се користат во процесот на потврдувањето на точноста (валидација) на адресните податоци од страна на општините. Тоа пак, ќе овозможи воспоставување на адресен регистар со двојно потврдени податоци од Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Исто така, за да се воспостави ажурен, сигурен и доверлив Адресен регистар, потребно е и општините активно да се вклучат во постапката на потврдувањето на теренските податоци. Тие треба да ги отстранат сите недостатоци во однос на именувањето на улиците, нумерирање на објектите и нивна евентуална ренумерација.

Агенцијата за катастар на недвижности, со Законот за катастар на недвижности, ја прошири својата надлежност со воспоставување и управување со Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Македонија. Графичкиот регистар за улици и куќни броеви се воспоставува врз основа на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви (врз основа на фактичката состојба). Се работи за масивна операција која вклучува теренска работа и компјутерска обработка на добиените податоци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико