Правдико

   

Апсења на три континенти – запленети 2 тони дрога

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во три земји денеска се уапсени 17 лица и запленети се речиси два тони наркотици, соопштија австралиските власти, наведувајќи дека организираните криминални групи се обиделе да внесат големи количини дрога на тој континент.

Австралиската федерална полиција соопшти дека 10 луѓе се уапсени во Сиднеј, пет Австралијци во Дубаи, а двајца во Холандија, во рамките на две поврзани криминални групи кои дејствувале во три земји.

Холандските власти заплениле 1,8 тони MDMA, позната како екстази, 136 килограми кокаин и 15 килограми метамфетамин.
Дрогата, наменета за австралискиот пазар, има вредност од 810 милиони австралиски долари (640 милиони американски долари).

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико