Апсења во Ерменија пред денешниот протест против договорот со Азербејџан
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ерменските опозициски групи планираат да ги продолжат своите протести за да побараат оставка од премиерот Никол Пашинијан поради условите за кои се согласи тој во договорот со Азербејџан, а со посредство на Русија, со што завршија борбите за отцепениот регион Нагорно-Карабах.
Неколку часа пред денешниот планиран митинг, Специјалната истражна служба соопшти дека се уапсени 10 истакнати фигури на опозицијата, што опозицијата го осуди како незаконско.
Завчерашното објавување на договорот за примирје предизвика директна и бесна реакција во ерменскиот главен град, каде гневните демонстранти упаднаа во владините згради и Парламентот. Договорот е отфрлен од многу Ерменци затоа што му овозможува на Азербејџан да задржи голем дел од малиот планински регион, заедно со околните области заземени за време на борбите. Ден по договорот, илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот, пркосејќи на воената состојба и нарекувајќи го претседателот Никол Пашинијан „предавник“.
Извор: Радио Слободна Европа