Апсења во Франција поради сомнение за нови терористички напади
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца млади Французи беа уапсени под сомнение за подготвување терористички напад и признаа дека припаѓаат на терористичката група Исламска држава, која контролира делови од Сирија и Ирак. Нападот се планирал на годишнината од масакрот во редакцијата “Шарли ебдо”.
Во полициската рација во понеделникот во близина на воена база во јужниот дел на Франција, уапсени се тројца млади луѓе – каде најмладиот од 16-годишна возраст, беше ослободен.
Се верува дека било планирно да се изврши атентат на шефот на базата со обезглавување , и сето тоа да се сними на видео за да испрати порака за заплашување на јавноста.
“Тие признаа дека се дел од исламска држава”, изјави извор запознат со акцијата.
Парискиот обвинител Франсоа Молен соопшти дека еден од осомничените, 17-годишен, добил инструкции од џихадистите во Сирија да “удри” во Франција, откако стана јасно тие не би можеле да ја напуштат земјата и да се приклучат на “џихадот” во Сирија.
Бил претходно повеќе пати испрашуван така што тој бил свесен дека го следат органите на прогонот.