Апсења во Скопје: Силувале и проституирале три девојчиња
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата приведе две лица кои неколку месеци држеле три малолетни девојчиња затворени во куќа во скопската населба Шуто Оризари.
Како што пренесоа дел од медиумите, повикувајќи се на полициски извори, макроата сексуално ги злоставувале девојчињата и секојдневно ги изнајмувале на клиенти. Малолетничките биле принудувани да даваат сексуални услуги за пари, а биле носени и по мотели низ земјава.
Девојчињата биле и психички и физички малтретирани, а по тримесечна сексуална тортура едно од нив успеало да дојде до мобилен телефон. Викендов се јавила и повикала полиција, по што денеска беа приведи двајцата монструми. Од МВР го потврдија случајот, но не се откриваат детали бидејќи истрагата се уште е во тек.
Извор: Нова Македонија