Апсења во Турција – Приведени 10 луѓе за регрутирање џихадисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турската полиција уапси 10 лица под сомнение дека регрутирале луѓе за влез во исламска држава, објави вчера државната агенција Анадолија.
Во овој момент не е познато дали апсењата се поврзани со самоубиствениот бомбашки напад во Истанбул овој месец.
Антитерористичката полиција спроведе рација утрово во Анкара, по следењето на активностите на оваа група кое покажа дека нејзините членови се во комуникација со луѓе во зоната на конфликтот.
Исламската држава, која контролира големи области во Ирак и Сирија, е обвинета за четири бомбашки напади во Турција од јуни. Последниот се случи на 12 јануари, кога бомбаш-самоубиец влезе во една група на германски туристи во Султанахмет областа во Истанбул и се разнесе со експлозив, при што загинаа десет луѓе.
Властите соопштија дека во нападот учествувал сириски член на исламска држава, со потекло од Саудиска Арабија, кој влегол во Турција од Сирија и се регистрирал како бегалец.