Апсења за аферата „Агрокор“, Тодоровиќ не е во Хрватска | Правдико

Правдико

   

Апсења за аферата „Агрокор“, Тодоровиќ не е во Хрватска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четворица поранешни клучни раководители на концернот „Агрокор“ во Хрватска се уапсени во полициската акција којашто почна рано утрово, во рамки на истрагата што се води поради сомнеж за стопански криминал и за фалсификување. Цел на полициската истрага е  „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, каде што е извршен претрес.

Уапсени се поранешниот шеф на финансии на „Агрокор“, Иван Црњац, поранешниот член на надзорниот одбор на концернот, Томислав Лучиќ, поранешната членка на управата на компанијата, Пирушка Цањуга, и поранешната потпретседателка на „Агрокор“, Љерка Пуљиќ. Хрватските медиуми јавуваат дека Ивица Тодориќ не е во Хрватска.

Обвинителството издало над 60 налози за претрес, а во акцијата се вклучени повеќе од 300 полицајци, велат неслужбените информации.

Во седиштето на „Агрокор“ веќе неколку месеци се државните обвинители и форензичари, кои ја проверуваат документацијата поради сомнежите дека финансиските извештаи и биланските на „Агрокор“ биле лажирани, односно дека концернот вреди 290 милиони евра помалку од тоа што се прикажувало.

Ивица Тодориќ и дел од неговите најблиски соработници од врвот на „Агрокор“, меѓу кои се, судејќи по сè, и неговите синови, па Иван Црњаќ, Лјерка Пуљиќ, Томислав Лучиќ, Пирушка Цанјуг и други се сомничат за злоупотреба и други незаконитости врзани за повреда на обврските на водење бизнис книги.

Владиниот доверител за „Агрокор“, Анте Рамљак, минатата недела поднесе кривична пријава против одговорните во оваа компанија поради неправилности во работењето, утврдени со ревизијата на финансискиот извештај. Ивица Тодориќ веднаш потоа објави дека ниту едно евро не е отуѓено или скриено.

„Подготвен сум за тужба, ова е политички процес“, напиша Тодориќ на својот блог.

„Агрокор“ е најголемата приватна компанија во Хрватска во која се вработени над 31.000 луѓе. Примарна дејност е производство и дистрибуција на храна и пијалаци, како и малопродажба, а некои од најпознатите марки во сопственост на „Агрокор“ се Фриком, Дијамант, ИДЕА, Јамница, ПИК Врбовец, Ледо, Конзум.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико