Издаден налог за апсење на 84 турски академици
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турските власти издале налози за апсење на 84-ца академици под сомнение дека се поврзани со муслиманскиот свештеник Абдулах Ѓулен, кој се наоѓа во егзил во САД, а кого турските власти го сметаат за организатор на неуспешниот пуч, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата ја покренала операцијата во 17 провинции, вклучувајќи ја и централната провинција Анадолија, која е центар на владеачката партија (АКП), пренесе новинската агенција Дога.
Според овој извор веќе биле уапсени 29-мина академици.
Уапсените академици во најголем дел се од Селџук универзитетот, а меѓу нив е и поранешниот ректор Хаки Гокбел.
Турција, по неуспешниот пуч на 15.јули, се пресметува со приврзаниците на Ѓулен. По неуспешниот пуч, како што објави премиерот Бинали Јилдирим приведени биле повеќе од 40.000 државни службеници, од кои 20.335 биле задржани во притвор.
Повеќе од 5.000 државни службеници добиле отказни решенија, а околу 80.000 се суспендирани.
Ѓулен, некогашен сојузник на претседателот Ердоган, има силна мрежа на влијание во институциите (судтството и полицијата), како и во медиумите и долго време се сомничи за воспоставување на „парелена држава“ во Турција.
Ѓулен, од 1999 година живее во егзил во САД, тој негира дека стои зад неуспешниот пуч.
Извор: Макфакс