Апсење во Франција: Жена во лажен труднички стомак криела бомба | Правдико

Правдико

   

Апсење во Франција: Жена во лажен труднички стомак криела бомба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Една жена преправен како трудница со лажен стомак е уапсена во Франција под сомневање дека планирала да се разнесе со бомба.

pregnant

23-годишната девојка, за која светските медиуми сметаат дека е французинка која се преобратила во ислам, е уапсена во Монпелје, Франција.

Француските медиуми кажуваат дека девојката е уапсена заедно со својот сопруг во нивниот стан каде што е пронајде лажен труднички стомак кој го купиле преку интернет.

Француските медиуми велат дека од извори на антитерористичките истраги откриле дека жената тврдила дека го купила лажниот труднички стомак со цел „да имаат подобар третман додека патуваат.“

Сепак, полицијата откри дека лажниот стомак бил покриен со алуминиумска фолија која може да сокрие предмети и да го попречи препознавањето на истите на детектор за метал.

Исто така е откриено дека парот посетувале сајтови поврзани со Исламската Држава.

Француските медиуми објавија дека извори велат дека тоа што го откриле е „исклучително вознемирувачки“.

Парот е уапсен и во притвор, во очекување на истрагата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико