Апсење во косовската полиција заради издавање на службени тајни | Правдико

Правдико

   

Апсење во косовската полиција заради издавање на службени тајни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
ПРИШТИНА – Шест лица, меѓу кои и директорот на дирекцијата за миграција и странци во косовската полиција, уапсени се поради сомневање дека направиле девет кривични дела, меѓу кои и оддавање на службени тајни, соопшти косовската полиција.
kps-kosovska-kosovo-policija-beta-sasa-djordjevic-jpg_660x330 (1)
Уапсени се  директорот на дирекцијата за миграција и странци во косовската полиција, два припадници на безбедносните сили на Косово, еден полицаец, секретар на едно средно училиште во Глоговец и еден професор во тоа школо.

Осомничените дале изјави во присуство на адвокат, и по одлуката на обвинителството им е одреден притвор до 48 часа – наведено е во соопштението до јавноста.
Тие се теретат дека извршиле кривични дела како што се оддавање на службени тајни, злоупотреба на службена положба, принудување, неовластено чување и контрола на оружје, непријавување на кривични дела и нивните извршители и помош на истите по завршувањето на кривичните дела.
Истрагата е започната во 2014 година, а пред 2 дена е извршен претрес на пет локации во Урошевац, Косовско Поле и Приштина.
Во соопштението не се наведени имињата на уапсените, но медиумите јавиле дека е уапсен и директорот на дирекцијата, Фадиљ Реџепи.
Извор: РТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико