Апсење во Сараево под сомнение за сторени воени злосторства | Правдико

Правдико

   

Апсење во Сараево под сомнение за сторени воени злосторства

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

hapsenje lisice (04)_620x0Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), утрово во областа на Сараево го уапсија лицето С. М (1952), за воени злосторства постапувајќи по наредба на обвинителството на БиХ.

Како што соопшти службата за односи со медиумите лицето С. М. е уапсено под сомнение за сторено кривично дело “воени злосторства против воените затвореници”, “воени злосторства против ранети и болни” и за кривичното дело “воени злосторства против цивилите” сторени, на подрачјето на општина Завидовиќ, во 1995 година.

Уапсен е поранешен висок функционер на Армијата на Босна и Херцеговина, кој е обвинет за командна одговорност за злосторствата извршени од страна на неговите подредени.

Лицето лишено од слобода ќе се доведе во службените простории на СИПА, по што ќе биде предадено на обвинителството за понатамошна истрага, се вели во соопштението.

Препорачуваме

Партнери на Правдико