Апсурдните амандмани на Горан Милевски на Законот за нотаријат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратеникот Горан Милевски во петокот до Собранието на Македонија достави 1.000 амандмани по Законот за нотаријат. Сметајќи дека законот е штетен за граѓаните, и дека наводно законот ќе ги усложни постапките пред нотар со поднесувањето на 1000 амандмани ќе се обиде целосно да го блокира донесувањето на овој закон без притоа да се мисли на последиците кои ќе настанат од таквото блокирање. Одредбите од овој Закон има директна поврзаност со одредбите од Законот за извршување, Законот за парничната постапка, Законот за трговски друштва, Законот за катастар на недвижности и законите со кои се уредува електронскиот потпис.
Сеуште не е јасно која е целта на блокирањето на овој закон кој треба да го усогласи нотаријатот со повеќе важни закони како и да ги надмине констатираните слабости на постојниот закон,но и да ја преуреди структурата на законот кој што моментално е во примена преку допрецизирање на законските одредби.
Ова стои во дел од поднесените 1000 амандмани:
„Зборовите ’подоцна настапува’ се заменуваат со зборовите ’настапува подоцна’ “, „зборовите ‘ќе се приложат’ се заменуваат со зборовите ‘се приложуваат’“, „зборот ‘изворникот’ се заменува со ‘изворник’“, „зборовите ‘на самиот извод’ се заменуваат со зборовите ‘во самиот извод’“, „по зборот ‘30’ се додаваат зборовите’( триесет)’, „по зборот ‘читливо’ се додава и ‘јасно’“, „по зборот ‘освен’ се додаваат зборовите ‘во случај’“ , зборот ‘по’ се заменува со зборот ‘за’, „зборовите ‘да депонира свој потпис’ се заменуваат со зборовите ‘да го депонира својот потпис’, „зборовите ‘на кој е писменото напишано’ се заменуваат со зборовите на кој е ‘напишано писменото’, „зборовите ‘судски преведувач’ се заменуват со зборовите ‘судскиот преведувач’“, „зборовите ‘да се наведе’ се заменуват со зборовите ‘да биде наведено’, „зборот ‘бришано’ се заменува со зборовите ‘бришено’“, зборовите ‘таа се внесува’ се заменуваат со зборовите ‘таа ќе се внесе’“, „зборовите ‘има право на приговор’ се заменуваат со зборовите ‘има право да поднесе приговор’“, зборот ‘пономошник’ се заменува со зборот ‘полномошник’, „зборот ‘ако’ се заменува со ‘доколку’“, „зборот ‘изрично’, се заменува со зборот ‘изречно’“, „зборот ‘утврди’ се заменува со зборот ‘констатира’“… – Ваква е отприлика содржината на 90 отсто од илјада амандамани на Законот за нотаријат кои пратеникот Горан Милевски ги достави до Собранието на РМ.
Во согласност со Законот за пратениците функцијата пратеник се врши професионално и тој е претставник на граѓаните на Република Македонија. Лекторирање, пак, може да врши лице со положен испит за лектор. Преку некоструктивни и нефункционални амандмани единствено се кочи работата на Собранието.