Арапите бесни, усвоен законот за Израел како исклучиво еврејска држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Израелскиот парламент го усвои контроверзниот закон со кој земјата се дефинира како национална држава на еврејскиот народ, но критичарите предупредуваат дека со овој закон малцинствата се маргинализирани.
Владата вели дека предлог-законот, кој беше усвоен ова утро, само ќе го потврди постојниот карактер на Израел, а премиерот Бенџамин Нетанјаху усвојувањето на законот го нарече историски момент во историјата на ционизмот и во историјата на државата Израел, објави АП.
Тој истакна дека во последно време има луѓе кои се обидуваат да ги дестабилизираат темелите на постоењето и правата на еврејскиот народ.
„Затоа го усвоивме овој закон денес. Ова е нашата земја. Ова е нашиот јазик. Ова е нашата химна и нашето знаме. Да живее државата Израел”, рече премиерот.
Сепак, противниците на овој закон велат дека со него се маргинализира арапското малцинство во Израел.
Извор: Макфакс