Архивата во електронска форма нема да мора да се префрла во писмена форма | Правдико

Правдико

   

Архивата во електронска форма нема да мора да се префрла во писмена форма

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

edarchivСо Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања во врска со чувањето како на документарниот, така и на архивскиот материјал кој е создаден во електронска, дигитална, оптичка или друга форма (запис).

Цел на предлогот е да се избрише законската обврска кој досега постоеше а кој ги обврзуваше имателите на архивскиот материјал архивскиот материјал создаден во електронска, дигитална, оптичка или друга форма, да го префрлаат во хартиена форма.

Исто така со предложените измени и дополнувања на законот, се дава можност за научни и истражувачки цели, Државниот архив да може да го публикува архивскиот и документарниот материја кој има научна, историска и културна вредност со што ќе се овозможи подобрување на финансиското работење на архивот, кој ќе може да има приходи од овие публикации

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

[interaction id=”55ba6ec3e741fff7072c953e”]

Препорачуваме

Партнери на Правдико