Асанж: Може сум осуден на смрт
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лондон – Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изрази загриженост дека американската влада никогаш нема да го остави на мира и дека неговата смрт може да биде неизбежна.
“Телефони и хард-дискови од целиот свет сега се следени. Светот е затоа многу ранливо место и претставува закана за секого”, рече Асанж во интервју за швајцарската телевизија РТС.
Никој во Европа не е заштитен од американската програма за следење, предупреди тој, додавајќи дека ќе продолжи да работи за да им обезбеди дека луѓето од целиот свет да имаат пристап до доверливи информации, бидејќи тие се од суштинско значење за разбирање на денешниот свет.
Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон од јуни 2012 година, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, која го обвини за сексуален напад.
Основачот на Викиликс ги негира обвинувањата и стравува дека тоа е изговор за да се испрати во САД на судење, бидејќи тој откри тајна дипломатска коресподенција и разузнавачки документи.
Како што самиот кажува, не верува во позитивен исход од неговиот случај и стравува дека САД нема да го остават на мира за тоа што го сторил.
“Јас може да бидам осуден на смрт”, заклучи Асанж.
Извор: Tanjug