Асанж повика владите да се обединат против шпионажата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основачот на Викиликс Џулијан Асанж вели дека е време европските влади да превземат законски дејства во врска со прислушувањето на САД, откако во објавените документи се открива дека Вашингтон прислушкувал тројца претседатели на Франција.
Џулијан Асанж, говорејќи за француската телевизија ТФ1 повика Франција да ја преземе водечката улога и да иницира парламентарна истрага за шпионирањето, пренесува Танјуг.
Асанж додаде дека следат и други важни важни документи.
Францускиот претседател Франсоа Оланд претходно истакна дека разговарал со американскиот претседател Барак Обама за наводното прислушување на американски и француски лидери и дека Обама повторно потврди дека ќе се заложи да запре шпионирањето и дека тоа е” неприфатливо помеѓу сојузниците”.
Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека САД мора да стори сé што е во нивна моќ за да ги подобри односите со неговата земја, по извештајот дека САД вршеле шпионирање на францускиот претседател Франсоа Оланд и двајцата негови претходници.
Викиликс во вторникот вечерта објави документ со назнака “Топ сикрет”, со податоци во кои се гледа дека американските безбедносни служби ги шпионирале Жак Ширак, Никола Саркози, и актуелниот претседател Оланд, во периодот 2006-2012.