Атикорупцика комисија: Судир на интереси на член во УО во ,,Вардар филм”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната комисија за спречување на корупција, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај Огнен Антов, поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси. Тој покрај функцијата член на Управен одбор на Филмски центар „Вардар филм Македонија – Скопје“ ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за маркетинг, филмска и ТВ продукција „ДРИМ ФЕКТОРИ“ ДООЕЛ Скопје, соопшти ДКСК.
Антикорупционерите се обратиле до него со барање во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции, кои истовремено ги извршува.
„Огнен Антов не постапи по барањето на Државната комисија, поради што е донесена одлука да му се изрече јавна опомена“, се вели во дописот од ДКСК .
Извор: Утрински весник