Атина: Судири на протестот поради пензиските реформи | Правдико

Правдико

   

Атина: Судири на протестот поради пензиските реформи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Атина денеска, за време на протестите против пензиските реформи, избувнаа судири меѓу грчката полиција и групи на млади луѓе, но досега нема информации за уапсени или повредени.

atina-protesti-molotov

Група млади луѓе фрлаа молотови коктели и камења. На протестот во центарот на Атина се собраа десетици илјади луѓе.

Вработените во Грција започнаа штрајк во знак на протест поради реформите во пензискиот систем, а како резултат на масовниот штрајк откажани се летови, траекти и застој на јавниот превоз.

Училиштата, судовите и аптеки се затворени, а во државните болници работат само итните служби.

Синдикатите прогласија штрајк поради пензиските реформи, кои се услов за третиот меѓународен пакет помош за Грција.

Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас, се обидува да го реструктуира пензискиот систем преку зголемување на придонесите за социјално осигурување, со цел да се избегне намалување на пензиите, но противниците реформие укажуваат дека поради голем број вработени две третини од приходите одат на даноци и придонеси.

Противниците на пензиските реформи успеале да ги обединат членовите од различни професии, од земјоделци, таксисти и уметници па сѐ до адвокати, лекари и инженери.

Штрајкот се случува во време кога владата е во преговори со меѓународните инспектори, кои дојдоа да го проверат напредокот во исполнувањето на обврските за предвидениот пакет помош. Хотелите каде што се наоѓаат во центарот на Атина се обезбедени од полицијата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико