Правдико

   

Атина: Започнува судењето на лидерот на Златна зора

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Грција, денеска ќе започне судскиот процес против десетици лица поврзани со нео-нацистичката партија Златна зора, трета најсилна партија во грчкиот парламент.

Greece Golden Dawn Arrests

Процесот, кој се очекува да трае неколку месеци ќе се одржи во максимално обезбеден затвор во Атина, пренесува Спутник.

Советот составен од тројца судии ќе им суди на лидерот на Златна зора, Никос Махалолијакосу и 68 други, меѓу кои има и пратеници и полициски службеници.

За повеќето обвинението е за учество во криминална организација, но исто така има и обвинети за учество во заговор за убиство, поседување оружје и расистичкото насилство. Ако бидат прогласени за виновни на обвинетите им се заканиува казна до 20 години затвор.

По истрагата која траеше 15 месеци, јавниот обвинител ќе се обиде да докаже дека Златна зора функционираше како криминална организација под воено структурирано лидерство, кое поттикнувало тепање и убивање на мигранти и политички противници.

Златна зора ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани.

Партнери на Правдико