Атрактивно земјиште ги судри Стопанска банка - Битола и Министерството за земјоделство | Правдико

Правдико

   

Атрактивно земјиште ги судри Стопанска банка – Битола и Министерството за земјоделство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вистинска драма деновиве се случува на релација Стопанска банка – Битола и Министерството за земјоделство.

78930837

Во прашање е атрактивно градежно земјиште на влезот во Битола кај кружниот тек. Битолската банка обвинува дека со големото количество самоволие, спротивно на законите, ова земјиште на кое се наоѓа зграда во сопственост на Стопанска банка Битола, кое во Имотниот лист до неодамна беше запишано без право на користење од ниеден правен субјект, пред извесно време со Анекс на договор потпишан од страна на Министерството за земјоделство, е дадено на на користење на Водосотопанство Битолско поле Битола.Со ова, како што објаснуваат во банката е направен груб упад во Имотниот лист што се смета за тежок прекршок и нарушување на правото на сопственост пишува Капитал.мк.

Станува збор за градежно земјиште од 18.000 квадратни метри на кое се наоѓа зграда во сопственост на Стопанска банка од Битола. Земјиштето се наоѓа на влезот во Битола кај кружниот тек, локација која се смета за атрактивна зградежна зона. Банката сакајки да го купи земјиштето согласно закон  во 2014 година поднела барање за приватизација на градежното земјиште. Според бизнис стратегијата на банката, таа сака да ја продаде зградата и соодветен дел од земјиштето кој е нужен за стопанисување со зградата(зградата е во површина од 1592 м2) со тоа што ке ги продаде на познат купец за 22 милиони денари.

Таква била стратегијата на банката до неодамна кога, како што објаснуваат таму, не им упаднало Министерството за земјоделство со спорниот Анекс направен со споменатата водостопанска организација од Битола. Денес цената е падната на 17 милиони денари, а купецот со кој банката има предодговор е се помалку заинтересиран за купување на недвижниот имот. Стопанска банка Битола деновиве упатила опомена пред тужба  до Министерството за земјоделство и до министерот Михаил Цветков, и најавува дека случајот ке го тера до крај …

Капитал тргна да го истражува овој случај. Според засега непотврдени информации во Министерството за земјоделство за овој случај владее вистинска поделеност. Дури неофицијално дознаваме дека стручните служби се зачудени околу содржината на Анексот на договорот(кој патем речено освен од министерот нема потпис од ниту еден друг изготвувач), а и самиот министер во прв момент не можеше да се сети дали и како го потпишал овој документ, алудирајќи и на тоа дека дури можеби и му бил подметнат. Инаку, предметниот Анекс на договор  не бил поминат ниту на владина седница, а требал со оглед дека во голема мера се прави проширување на правото кое спротивно на закон му се дава на предметното Водосотопанство Битолско поле Битола .

Капитал деновиве дојде до делови од писмото што Стопанска банка Битола му го напишала на министерот за земјоделство Михаил Цветков. Писмото запрепастувачки открива со какви дефекти се соочува македонската бизнис стварност во секојдневното свое функционирање и како на еклатантен начин се создаваат услови за уривање на пазарната вредност на цели парцели во градежен реон и се прават злоупотреби со цел да им се удоволи на локални интереси на “истомисленици” во политичка смисла.

За што всушност станува збор во овој случај?

Пред извесен број години Стопанска банка Битола станува сопственик на управна зграда која претходно била сопственост на некогашната Пелагонија-Водстопанство кое исто така пред неколку години земало кредит од банката и се разбира како бидува на овие простори … кредитот не го вратиле во пропишаниот рок. Поради тоа што кредитот не бил вратен, а управната зграда била упишана како хипотека во банката, во 2012 година Стопанска банка Битола ја „извршила хипотеката поради невратениот кредит„ …

Пелагонија Водостопанство се ликвидира, и се трансформира во Водостопанство Битолско поле – Битола. Оваа организација се формира и работи во надлежност на Законот за водстопанство …

Стопанска банка Битола после стекнувањето со сопственост врз погоре наведената зграда согласно со закон поднесува барање за  откуп на земјиштето под самата зграда како и дворното место (околу 18.000 метри квадрати), кое земјиште има третман на  градежно. … Во Имотниот лист во тоа време е заведено дека ова земјиште ниту еден правен субјект нема право  да го користи.

Поминуваат неколку години … Деновиве банката од Битола, во посебно обраќање до министерот за земјодество Цветков, во кое Капитал имаше увид, јавува дека во меѓувреме се случиле силни злоупотреби на овластени лица во Водостопанство Битолско поле Битола.

„Ние се повикуваме на документи произлезени исклучиво од Министерството за земјоделство. Тие ги издавале. И денес врз основа на тие документи се прават злоупотреби од страна на раководството на Водстопанство Битолско поле од Битола … имаме сознанија дека истото е подржано од извесни структури во самото Министерство за земјоделство …„, брифираат во Стопанска банка Битола.

Многу проблеми и прекршувања …

Проблем е што на 23 февруари 2015 година е склучен Анекс на претходниот Договор меѓу Министерството за земјоделство и Водостопанство Битолско поле Битола со кој се „пренесува стопансисувањето, користењето и одржување на системот за одводнување …„ Овој договор бил потпишан на 16 декември 2010 година … од страна на Министерството за земјоделство и „Водостопанство Битолско поле Битола„.Стопанска банка Битола во писмото до Министерството за земјоделство се повикува на јасни делови од тој Договор каде единствено на користење на водостопанската организација и се дава само управната зграда којае во сопственост на Стопанска банка Битола, но не и дворното земјиште каде се наоѓа згрдата, како и земјиштето под самата зграда …кое за цело време има третман на градежно земјиште…

Во банката потсетуваат дека се било како треба се до 23 февруари годинава кога под мистериозни околности и на големо чудење на поголем дел надлежни вработени во Министерството за земјоделство е склучен фатален Анекс на Договорот меѓу Министерството и водостопанската организација со кој се надградува членот 4 од Договорот каде во точката 1 се додава нов став со кој „на водостопанството Битолско поле Битола му се пренесува правото на користење врз недвижен имот, и тоа, заведен во Имотен лист (!?) користење и на дворното место од 18.000 квадрати и на земјиштето под зградата во сопственост на Стопанска банка Битола …

Стопанска банка Битола деновиве силно реагираше до Министерството за земјоделство и чинот го нарече самоволие и злоупотреба на релација министерство – водостопанство. Банката предупредува дека нарушени се повеке закони и дека суштински е повредена моменталната состојба во Имотниот лист, што е тежок прекршок. Од министертвото до овој момент нема никаква реакција.

„Ние во банката предупредуваме дека во Имотниот лист кој е валиден, а не овој што е неодамна изваден со вграден прекршок, , со оглед дека до сега не е евидентирано право на користење на ниту еден правен субјект ….!?„, велат во Стопанска банка Битола, каде додадаваат дека …

„Од друга страна земјиштето е градежно и постапувањето со истото не е во надлежност на Министерството за земјоделство туку на имотно правните односи во надлежност во Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски. Ние како такво го третираме и упативме барање за приватизација на градежното земјиште. Нашата цел е да ги продадеме и земјиштето и зградата на заинтересиран и познат купувач. Моменталната цена што ја постигнавме беше 22 милион денари. Но со овие проблеми што ни ги прави сега Министерството за земјоделство цената драматишно падна со што на банката и е нанесена голема штета. Отштета ке бараме од Министерството за земјоделство„, порачуваат во Стопанска банка Битола.

Во Опомената пред тужба, Стопанска банка Битола отворено го предупредува министерот Цветков дека „се беше како треба до 10 јуни 2015 кога во Имотниот лист осамна драматична промена во која е евидентирано право на користење на 18.063 метри квадратни дворно место на управната зграда од страна на Водостопанство Битола. „Ова е неприфатливо и е спротивно на законот. Го предупредуваме Министерството за земјоделство и министерот уште и за една друга суштинска работа. Ова земјиште е градежно земјиште. Оттука и по овој основ Анексот потпишан меѓу Водостопанство Битолско поле Битола и Министерството за земјоделство е спротивно на Законот. За водостопанската организација важи Законот за водостопанство„. Ова е директна повредена на Законот.

Стопанска банка Битола апелира дека денес не можат ниту да влезат во дворот на сопствената управна зграда, а до февруари 2015 година  целиот проток на луге стока и возила бил слободен. „На банката со оваа промена во Имотниот лист и се прави и уште една голема штета. Ние на 18 март 2014 година поднесовме Барањ за приватизација на земјиштето и така практички сакаме да го спакуваме во атрактивна парцела за која најдовме купец …„

На крајот во своето Обраќање до министерот Цеков, кое го нарекуваат „Опомена пред тужба„, Стопанска банка Битола порачува дека енергично порачуваат дека размислуваат за следните нешта:

Со купецот имале преддоговор за продажба на зградата и земјиштето за 22 милиони денари. Цената денес паднала на 17 милиони денари. Ке бараат оштета од министерството за земјоделство. Затоа банката бара поништување на Анексот со кој министерството го дало дворното место и земјиштето под зградата на концесија на водостопанската организација.

Во спротивност Стопанска банка Битола како оштетена страна размислува да покрене кривични пријави за Министерството за земјоделството и за надлежните одговорни во овој случај во министерството …!?

Извор: Kapital.mk

Партнери на Правдико