Авион принудно слетал во Будимпешта поради закана од бомба
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Авионот со лет од Берлин до египетското летувалиште Хургада денес принудно слетал во Будимпешта, откако беше јавено дека во авионот се наоѓа бомба, соопшти унгарската полиција.
Портпаролот на полицијата Викторија Чисер – Ковач изјави за Ројтерс дека заканата била испратена до авиокомпанијата, но одби да прецизира за која компанијата станува збор.
Таа додаде дека полицијата во моментов ги проверува патниците и багажот на авионот.
Неофицијално дознаваме дека се работи за авион на германската авиокомпанија „Condor“ кој што тргнал од Берлин, и откако навлегол во српскиот воздушен простор, принудно го сменил својот правец на летање и слетал во Будимпешта.
Со нова изјава излезе потпаролот на полицијата Ковач – „Полицијата ја заврши потрагата и не најде никакви експлозиви или експлозивни направи“