АВМУ: Анкети заклучно со 24, а референдумски молк од 28 септември
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година (понеделник).
„Референдумскиот молк почнува 48 часа пред денот нагласањето, односно на 28 септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот“, се наведува во соопштението на АВМУ.
За повеќе детали што сé се смета за прекршување на молкот, радиодифузерите да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб- страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.
Следната недела, како што информираат од агенцијата, ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.
Извор: Макфакс