АВМУ ги осуди вербалните закани кон ТВ Шења
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во општина Чаир, при кој новинарската екипа на ТВ Шења била изложена на закани од страна на лица кои тврделе дека се симаптизери на политичка партија.
Според АВМУ, суштината на новинарската професија е да обезбеди јавноста да биде информирана за сите прашања и отаму, новинарите не смеат да бидат пропречувани при известувањето за кој било проблем дез оглед дали тој ги засега сите граѓани или населението на некоја локална заедница.
„Како и многупати досега, апелираме да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите“, се вели во соопштението.
Извор: Макфакс