Правдико

   

АВМУ констатираше говор на омраза и дискриминација на Албанците на „Сител“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатирала дека „Сител“ шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија, информираше Здружението на новинари на Македонија.

Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година, кога на „Сител“ во изданијата на дневниците во 19 и во 23 часот биле објавени серија прилози и уреднички коментари посветени за двојазичност и на кантонизација на Македонија.

„Во извештајот, Агенцијата заклучува дека во тврдењата на „Сител“ за време на изборна кампања постои говор на омраза за да се постигне одредена политичка цел преку дискриминација, еднострани информации и заплашување на јавноста. Според Агенцијата, телевизијата ја изложила македонската јавност на убедување, наметнување мислење, манипулирање со информации и заплашување со губење на работни места, губење на државата, тензии и војни за да се предизвика чувство на загрозеност на Македонците и на другите заедници од Албанците, кои се претставени како непријатели“, информираат од ЗНМ.

Според информациите на ЗНМ, извештајот со наодите веќе е доставен до надлежното јавно обвинителство и Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.

Здружението на новинарите на Македонија очекува Основното јавно обвинителство во Скопје и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација сериозно да ги разгледаат наводите на АВМУ и да донесат соодветна одлука.

Извор: Мета

Партнери на Правдико