АВМУ- Новите измени на Изборниот законик внесоа дополнителна конфузија | Правдико

Правдико

   

АВМУ- Новите измени на Изборниот законик внесоа дополнителна конфузија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагираат дека се донесени нови измени на Изборниот законик на само пет дена пред кампања. Во соопштението од Агенцијата се наведува дека измените се донесени по скратена постапка и без поширока дебата и со измените се внесува дополнителна конфузија и контрадикторност на законските одредби. Тоа особено е во поглед на платеното политичко рекламирање, реагира денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Агенцијата потсетува дека реагирала во јули минатата година, а и сега останува на ставот дека платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси не треба да го плаќаат граѓаните, односно не треба да се одвојуваат средства од државниот буџет за оваа намена.

АВМУ апелира по завршување на изборите да се отвори широка дебата со сите релевантни страни за измени на Изборниот законик.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико