АВМУ: Се прекршуваат правилата за референдумско рекламирање, ќе има и казни | Правдико

Правдико

   

АВМУ: Се прекршуваат правилата за референдумско рекламирање, ќе има и казни

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со мониторингот на медиумското претставување за време на референдумот кај повеќе радиодифузери, Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги информира дека констатирала неколку прекршувања на правилата за емитување платена јавна пропаганда.

 

„Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки ‘за’ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е дозволено, во случајот во посебни информативни програми, и рекламирањето во врска со референдумот не е означено и не е јасно одвоено од другите реклами на радиодифузерите“, се вели во соопштението.

Во согласност со упатството за медиумско претставување за време на референдум, АВМУ потсетува дека рекламните пораки „за“ референдумот може да траат најмногу 4 минути и 30 секунди на секој реален час емитувана програма.

Истото важи и за рекламните пораки „против“, односно за бојкот на референдумот;
вкупното времетраење на сите рекламни пораки поврзани со референдумот може да изнесува 9 минути на секој реален час емитувана програма.

Редовното време за емитување реклами од 12 минути не смее да се користи за емитување платена јавна пропаганда, која треба да биде јасно одвоена од другите реклами. Платената јавна пропаганда не смее да се емитува во вести, посебни информативни програми, за време на директни преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани, како и во  програми за деца и млади.

Агенцијата апелира до сите радиодифузери веднаш да го усогласат емитувањето на платената јавна пропаганда со упатството и информира дека за сите прекршувања констатирани наредните денови, ќе бидат изречени соодветни мерки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико