Правдико

   

Австралија не дозволи референдум за легализирање на истополовите бракови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Australia Gay MarriageПредлогот во Австралија да се одржи референдум за тоа дали да се легализираат истополовите бракови претрпи пораз во понеделникот во горниот дом на парламентот.

Предлогот да се одржи гласањето, во февруари следната година беше отфрлен во Сенатот со 33 гласови против и 29 за.

Австралиската централно-десничарска коалициска влада, предводена од премиерот Малком Турнбул, во август предложи прашањето за легализација на истополовите бракови да се стави на референдум.

Одбивањето е удар за Турнбул, што влијаеше на опаѓање на неговата популарност.

Австралискиот јавен обвинител Џорџ Брандис предупреди дека отфрлањето на предлогот ќе резултира со одложување на истополовите бракови во Австралија за годините што доаѓаат.

Лабуристичката партија на опозицијата, изјави дека предлогот со референдум ќе резултираше со штетни дебатати за геј и лезбејска заедница ,наместо тоа да се бара директно гласање во парламентот.

“Сега, кога предлогот е неуспешен, ние повторно ги повикуваме приврзаниците за брачната еднаквост на сите политички партии да работат заедно за да се најде пат”, изјави Алекс Гринич, ко-претседавач на групата за човекови права во Австралија за брачната еднаквост.

“Време е нашите парламентарци да најдат фер и достоинствен пат кој ќе обезбеди да секој во Австралија се третира подеднакво.” Имаше само три референдуми во историјата на Австралија, два се однесуваат на задолжителниот воен рок во текот на Првата светска војна, и еден да се избере национална песна во 1977 година.

Истополовите бракови се поддржани од 61 процент од Австралијците, според анкетата на Галуп направена во август оваа година.

Партнери на Правдико