Австралиската полиција заплени 700 килограми кокаин на јахта
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Австралиската полиција заплени 700 килограми кокаин на јахта покрај источниот брег на Австралија, во близина на Сиднеј.
Во акцијата се приведени тројца мажи, а во моментов се истражуваат нивните врски со Тахити и Тајланд.
„Не е чудно што организираниот криминал се впушта во софистицирани обиди, кои вклучуваат пловидба по океани на мали пловила со цел да криумчарат дрога“, изјави Нил Гохан, помошник-началник на австралиската сојузна полиција.
Во иста акција француската морнарица летоска пронајде 1,46 тони кокаин на јахта што патувала од Јужна Америка до Австралија.
Извор: Макфакс