Правдико

   

Австрија: Од 1 октомври стапува во сила забраната за прекривање лице на јавни места

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи на Австрија денеска соопшти дека припадниците на полицијата ќе спроведуваат кампања за запознавање на граѓаните со забраната за носење вел преку лице кој оневозможува да се препознае лицето кое го носи.

Забраната стапува во сила на 1 октомври.

Полицијата во градовите и на аеродромите ќе дели брошури во кои на германски, англиски, турски и арапски, се појаснува содржината на законот, кој предизвика контроверзи во земјата.

Во случај на непочитување на оваа забрана, полицијата ќе пишува казни во вредност од 150 евра, а во случај некој и натаму да одбива да го открие лицето , тој ќе биде одведен во полициска станица.

Забраната за носење вел на лице, во Австрија ќе се однесува на сите јавни места, вклучувајќи ги и сите средства за јавен превоз.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико