Австрија одобри екстрадиција во САД на украинскиот олигарх Фирташ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Австриското министерство за правда одобри екстрадиција на украинскиот олигарх Дмитро Фирташ во САД каде е обвинет за мито од околу 18 и пол милиони долари, наводно платени за дозвола за рудник за титаниум во Индија. Врховниот суд на Австрија претходно одговори позитивно на барањето на САД.
Фирташ, поранешен бизнис партнер на Пол Манафорт, кој беше шеф на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од најбогатите Украинци е обвинет во Чикаго, а барањето за негова екстрадиција е од 2014 година по неговото апсење во Виена.
Извор: Радио Слободна Европа