Австрија покренува кампања против имигрантите од Косово | Правдико

Правдико

   

Австрија покренува кампања против имигрантите од Косово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австрија, која во изминатите три месеци е соочена со драстичен пораст на илегални имигранти од Косово, кои поднесуваат молба за добивање азил, планира со голема кампања да делува против егзодусот од Косово.

15022015183803_imigranti

„Шверцерите ги лажат луѓето“, е мотото на кампањата која планира да ја покрене министерката за внатрешни работи на земјата Јохана Микл-Лајтнер.

– Луѓето мора да знаат дека ги лажат, дека немаат шанса да добијат азил во Австрија, како и оти нема при за барање за добивање азил, појасни Микл Лајтнер.

Таа воедно инсистира и на забрзана постапка на решавање на барања за добивање азил на лица од т.н. безбедни земји на потекло, како и планирани масовни протерувања на косовски подносители на барања за азил, на кои истиот им е одбиен, на секои две недели.

Кампањата, со цел запирање на масовното иселување на граѓани од Косово, ќе почне оваа недела, со огласи во косовски весници, како и информации за оние луѓе кои бегаат од сиромаштија во Косово.

Таа воедно укажа дека шансите се речиси никакви граѓанин од Косово да добие азил во Австрија.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико