Австрија, Унгарија и Србија ќе соработуваат за заедничка заштита од мигранти | Правдико

Правдико

   

Австрија, Унгарија и Србија ќе соработуваат за заедничка заштита од мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за внатрешни работи на Србија, Австрија и Унгарија, Небојша Стефановиќ, Јохана Микл-Лајтнер и Шандот Пинтер, потпишаа во Будимпешта Меморандум за соработка и заштита на границите.

113861

Договорот предвидува заеднички патроли на српско-унгарската, односно српско-македонската граница, интензивирање на групите за борба против организираното префрлување мигранти, како и воспоставување посебни пунктови за контакт во сите три земји.

Микл-Лајтнер рече дека непрекинатиот бран мигранти во Австрија довел до преоптовареност на границата. Таа укажа дека досега 40 илјади лица се опфатени со програмата за помош на мигранти, и оти се очекува бројот да се искачи на 70 илјади.

Стефановиќ изјави дека Србија сака да преземе дел од товарот кога станува збор за мигрантите.

Унгарија во изминатите недела беше во фокусот на интерес на меѓународната јавност со најавата за подигнување ограда од четири метри на границата со Србија, како и со најавата да ја прекине примената на Даблинскиот договор, што би значело дека Будимпешта не би прифаќала мигранти кои би ги протерале други земји, а кои по првпат зачекориле на тло на ЕУ токму во Унгарија.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико