Австрија воведува азил на одредено време
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Австриската влада ги усвои измените на Законот за азил, со кој се воведува временски ограничен азил. Канцеларот и заменик канцеларот, Вернер Фејман и Рајнхолд Митерленер, оценуваат дека со ова се испраќа јасна порака до земјата и пошироко.
Рајнхолд Митерленер по седницата на владата, соопшти дека, од една страна, се испраќа сигнал за локалното население дека има премногу бегалци и дека земјата ја враќа “суштината” на правото на азил.
Во исто време, на барателите на азил, им се дава во знаење дека постои ризик од враќање во својата земја.
Канцеларот Фајман истакна дека потребно е европско решение на бегалската криза, но дека тоа не може да се чека од ЕУ земјите да се согласат на решение, и дека е потребно да се дејствува самостојно.
Азил на одредено време, според него, е соодветна мерка за спроведување на ограничувањата за прием на бегалци, која Австрија ја постави за во наредните три години.
Фајман истакна дека измените на законот во април треба да “поминат” во Парламентот, наведувајќи дека законот ќе се применува ретроактивно.
Министерот за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер проценува дека новиот закон е една од најстрогите во Европа.