Австрија забрани носење бурка на јавни места | Правдико

Правдико

   

Австрија забрани носење бурка на јавни места

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владеачката коалиција во Австрија по повеќедневна дебата се усогласи за пакетот реформи кои предвидуваат забрана да се носи бурка во училишта и во судници. Носењето бурка ќе биде забрането и на други јавни места.

Коалицијата на социјалдемократите и Народната партија се договориле на припадниците на полицијата, судиите и на јавните обвинители да им се забрани носење марами за да бидат „идеолошки и верски неутрални“ додека ѝ служат на државата.

Францускиот парламент пред повеќе од шест години усвои закон со кој Франција стана првата земја во Европската Унија што забрани да се носи никаб и бурка.

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, порача дека „забраната на антиопштествените симболи“, како што е бурката, ќе ѝ помогне на Австрија „подобро да ги интегрира мигрантите на кои им е дозволено да останат во земјата“.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико