Австриска министерка најавува целосно затворање на границите | Правдико

Правдико

   

Австриска министерка најавува целосно затворање на границите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

granicaМинистерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл- Лајтнер ја разбранува јавноста со изјавата дека ако Германија ја затвори границата и дојде до акумулација на бегалците, земјата ќе биде принудена да ги затвори границите па макар и со употреба на сила.

Јохана Микл Лајтнер не сакаше да ги коментира најавите на Германија за суспендирање на вонредните возови кои од Австрија вршат транспортирање на бегалци преку границите, со образложение дека таквите информации се од интерес на шверцерите, во согласност со Танјуг.

Микл Лајтнер подвлече дека е потребно европско решение за бегалската криза.

“Ние мора да бидеме свесни дека ако не постои меѓународно решение, постојат само две опции – да продолжи како и досега, или да се воведе построга контрола на границите, што значи употреба на сила”, објаснува таа.

Ако има натрупување на бегалци на границата, единственото решение е во целосно затворање на границите потенцира министерката.

Лидерот на Народната партија (ОВП), каде Микл Лајтнер е член, вицеканцеларот Рајнхолд истакна дека нема да има употреба на сила.

Изјавата на министерката, сепак, наиде на критики пред се кај невладините организации, кои ја осудија секоја употреба на сила против бегалците.

Препорачуваме

Партнери на Правдико