Австриски министер: Воено-цивилна мисија во Македонија и Србија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Австриски министер: Воено-цивилна мисија во Македонија и Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австрискиот министер за одбрана Ханс-Петер Доскоцил се залага за воено-цивилна мисија за заштита на границите на Македонија и Србија, како и за утврдување на терминали за регистрација на бегалците во овие земји, бидејќи Грција не е во можност да обезбеди надворешна граница на ЕУ.

doskozil

 

Австрискиот министер за одбрана изјави во интервју за виенски весник дека не треба да се случи десетици илјади бегалци да бидат “заробени” во Србија и Македонија.

Според него, принципот на работа во овие земји треба да биде ист како и во Грција, и би се работело на подобро “совладување” на масата на луѓе кои доаѓаат.

Доскоцил објасни дека Балканскиот пат е ставен на дневен ред на последниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, со цел да се постигне договор што е можно поскоро.

“Во наредните недели предстои важен развој во Грција и Турција на прашањето за обезбедување на границите на ЕУ. Ако експертите дојдат до заклучок дека ние можеме да ги обезбедиме границите и дека ни треба хотспот во Србија и Македонија, тогаш тоа треба да се претвори во цивилно-воена мисија”, додаде Доскоцил.

Тој тврди дека од Македонија и Србија постојат сигнали дека овие земји се подготвени да го стори тоа.

Исто така, се проценува дека трошоците за учество на војската во мисии во странство, се далеку помалку од последиците.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико