Правдико

   

Австриски модел: Секое семејство ќе добие 360 евра по дете поради Ковид-19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австриската влада ги поддржува жените во нивните различни животни избори –  жените како претприемачи, како вработени или како мајки. Само преку фондот за корона, жените се поддржани со 178 милиони евра, 80 проценти од вкупниот додаток за деца од 648 милиони евра се одделува за  жените, вели министерката за жени и интеграција Сузана Рааб.

Таа истакнува дека целта на сите е да се избегнат повеќекратните стресови на кои жените биле изложени за време на пандемијата. Покрај работата од дома, грижата за децата била неизбежна затоа што градинките и училиштата беа затворени, а жените имале и секојдневни обврски околу домаќинствата.

Во случајот на втор бран на корона, кој се проценува дека е можен наесен, жените ќе бидат ослободени од едукација на децата од дома за да избегнат повеќе стресови. Затворањето на училиштата при избувнување на пандемијата во есен треба да биде колку што е можно селективно, регионално и што е можно пократко. Од големо значење е жените кои сега ги загубија своите работни места повторно да влезат во еднакви позиции на пазарот на трудот, укажува таа.

Во Австрија во мај имаше околу 550.000 невработени и 1,3 милиони вработени на моделот на работа со скратено работно време.

„Државната помош изнесува 50 милијарди евра. Постојат неколку пакети кои ги поддржуваат жените во различни области. Ние обезбедивме фонд за помош за жените претприемачи да ги одржуваат компаниите во криза. За жени кои се грижат за деца, постои фонд за грижа за семејство во износ од 60 милиони евра. Од тоа, 35 милиони евра веќе се исплатени на семејства кои претрпеле загуба на приход, без своја вина. Покрај тоа, веќе се исплатени 30 милиони евра за поддршка на семејства со ниски приходи“, вели Рааб за 24 часа.

Еднократниот бонус за поддршка за семејствата со деца ќе се исплати во септември и изнесува 360 евра по дете.

Министерката за труд и семејство, Кристина Ашбахер, вели дека жените коишто ги загубија своите работни места во криза треба да бидат вратени во најкраток можен рок. Ова значи во иста или подобра позиција од претходната со заработка која не отстапува од претходните стандарди.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико