Австрискиот дипломат Фолкер Турк нов шеф на ОН за човекови права | Правдико

Правдико

   

Австрискиот дипломат Фолкер Турк нов шеф на ОН за човекови права

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обединетите нации го одобрија австрискиот дипломат Фолкер Турк да биде следниот висок комесар на Обединетите Нации (ОН) за човекови права.


Турк, кој што е актуелен генерален потсекретар за политика, беше одобрен со концензус од Генералното собрание на ОН на 8 септември.

Тој ќе ја наследи Чилеанката Мишел Бачелет, чиј четиригодишен мандат заврши на 31 август. Турк повеќе од три децении работи за ОН и е близок со генералниот секретар Антонио Гутереш, кој своевремено ја предводеше Агенцијата за бегалци на ОН.

Гутереш, на 7 септември за Турк изјави дека Австриецот „ја посветил својата долга и истакната кариера на унапредување на универзалните човекови права, особено меѓународната заштита на некои од најранливите луѓе во светот – бегалци и лица без државјанство“.

Претходната комесарка Мишел Бачелет го заврши својот мандат среде контроверзии, откако објави извештај за кршење на човековите права во кинескиот регион Ксинџијанг пред да замине од функцијата.

Извештајот нотираше низа прекршувања на правата, вклучувајќи тортура, принудна работа и произволно притворање, од страна на Кина против ујгурската заедница во Ксинџијанг и други популации со мнозинско муслиманско население.

Пекинг се обиде да го блокира извештајот и категорично ги отфрли обвиненијата, кои со години ги изнесуваат групите за човекови права, и ги обвини ОН дека стануваат „насилници и соучесници на САД и Западот“.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико