Австрискиот суд: Унгарија веќе не е безбедна земја | Правдико

Правдико

   

Австрискиот суд: Унгарија веќе не е безбедна земја

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

timthumbУправниот суд во Австрија, оцени дека Унгарија, не е повеќе безбедна земја за давање азил на бегалците.

“Ситуацијата во Унгарија од октомври минатата година е значително променета поради масовниот бран на бегалци. Оваа околност, со посебна критика на условите за прием на барателите на азил во Унгарија, доведува до проценките дека Унгарија веќе не е безбедна земја за барателите за азил”, додаваат од Судот.

Судот укажува на повреда на Европската конвенција за човекови права и Повелбата на ЕУ за фундаментални права, со која се забранува нечовечко и понижувачко однесување.

Поради прекршување на повелбите, Судот констатира дека  е неприфатливо протерување на барателите на азил врз основ на Даблинските правила во Унгарија.

Надлежните органи поради таа одлука мора да ја анализираат во детали моменталната ситуација во Унгарија и да се провери дали е можна примена на Даблинските правила на барателите на азил во Австрија кои дошле од Унгарија.

Управниот суд решаваше по жалба една авганистанска бегалка, кој дојде во Австрија со повеќе малолетни деца, а кој се бори против протерувањата во Унгарија.

Таа бараше азил во Унгарија, но потоа во октомври минатата година, дојде во Австрија.

Надлежните органи наредиле протерување, бидејќи Унгарија, според спогодбата од Даблин, е одговорна за одлучување за доделување на азил.

Препорачуваме

Партнери на Правдико